24фудбал

Од клубот побараа извинување: Гранада брутално истролана од својот главен спонзор (ФОТО)

Гранада со пораз од 6-1 кај Атлетико Мадрид беше понижена во сите фудбалски рамки од мечот, а дека гостите беа крајно очајни, доволно говори и фактот што Луис Суарез во само 20 минути игра на своето деби успеа да постигне два гола, а притоа и една асистенција.

Шпанија

Гранада доживеа тежок пораз кај Атлетико Мадрид во рамките на третото коло од новата сезона во Примера, а освен тоа, клубот беше и во целост истролан на социјалните мрежи од страна на еден од своите спонзори.

Андалузијците се огорчени и крајно револтирани по објавата на „Винамакс“ на социјалните мрежи, која воедно ги надминува и сите граници на тролање, инаку станува збор за компанија која се бави со обложување, а е главен спонзор на шпанскиот прволигаш, таа во една фотографија ги демонстрираше „перформансите“ на Жоао Феликс кој постигна еден гол, а воедно запиша и една асистенција на мечот.

По таа објава на „Винамакс“ следеше и реакција од страна на Гранада, од клубот побараа јавно извинување наведувајќи дека станува збор за крајно неодговорна објава без почит кон самиот клуб и неговите навивачи, а од таму најавија и можна правна разврска во интересот на институцијата со 89 години историја.