24фудбал

Мурињо го пецна Јунајтед пред гостувањето на Олд Трафорд: За некои тимови дури и по последниот свиреж може нешто важно да се случи...

Следниот натпревар на Тотнем во Премиерлигата е во недела на гостински терен кај поранешниот клуб на Жозе Мурињо, Манчестер јунајтед.

Англија

Изминатиот викенд за разлика од Тотнем кој не победи поради досуден контроверзен пенал за Њукасл во судиското продолжение, Манчестер јунајтед триумфираше над Брајтон со пенал кој беше досуден по крајот на натпреварот.

Иако пеналот за Манчестер јунајтед беше чист, моментот беше необичен, судијата најпрво свирна крај, а потоа по ракција на гостинските играчи гледаше снимка по што одлучи да биде досуден пенал.

Мурињо го искористи тој момент да ја почне војната со зборови пред дербито против Јунајтед.

„За некои клубови, дури и по последниот судиски свиреж можно е да се случи нешто важно, но за нас, знам дека по последниот свиреж е готово“, изјави Мурињо.