24фудбал

Инсиње го пропушта Јувентус, Елмас може да биде стартер против шампионот

Лоренцо Инсиње ќе паузира најмалку две до три недели, напаѓачот ќе го пропушти дуелот со Јувентус па нашиот Елиф Елмас може да биде стартер против шампионот.

Италија

Наполи во недела гостува во Торино, а Џенаро Гатузо нема да може да смета на капитенот. Лоренцо Инсиење се повреди против Џенова, утре ќе бидат направени детални тестови, но веќе се знае дека тој ќе паузира најмалку две до три недели.

„Се уште нема информации за повредата на Лоренцо, потребни се најмалку 48 часа. Утре ќе бидат направени тестови“ -  вели агентот Винченцо Писакане.

„Доколку нема оштетување на мускулот, ќе бидат потребни околу 20 дена да се врати на терените. Најтешко му паѓа тоа што нема да игра против Јувентус, а ќе го пропушти и собирот на Италија, истото му се случи и минатата година“.

Според пишувањата на Скај, најверојатно се работи за истегнување на мускулот а не кинење, па Лоренцо Инсиње ќе паузира две-три недели.

Ваквиот развој на настаните ја отварата вратата Елиф Елмас да биде стартер против шампионот на „Алианц“ во Торино. Македонецот вчера го замени Лоренцо Инсиње против Џенова, прикажа одлична партија и се запиша во листата на стрелци.