24фудбал

Ливерпул го доби дербито со Арсенал, на Жота му требаа осум минути за деби гол! (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-1 го победи Арсенал во дербито на колото во Премиерлигата, новото засилување за црвените, Диого Жота дебитираше со гол.

Англија

Иако почна повлечено, Арсенал во 25. минута поведе на Енфилд, Александре Лаказет искористи една грешка на Робертсон и постигна гол за водство од 1-0.

Но водството на Арсенал траеше само три минути, тогаш Садио Мане реализираше за изедначување на 1-1, а веќе во 34. минута Робертсон постигна гол за водство од 2-1 и се извади за грешката.

Во 80. минута во игра влезе новото засилување Диoго Жота и само осум минути подоцна постигна гол поставувајќи го конечниот резултат од 3-1.

Ливерпул има три од три на стартот во Премиерлигата и им се приклучи на врвот на Лестер и Евертон кои исто така имаат перфектен старт на сезоната.