24фудбал

Сантош: Роналдо може да игра до 40 години, но...

Португалскиот тренер, Фернандо Сантош смета дека Кристијано Роналдо може да игра и до 40 години, но не очекува да го намали нивото, кога ќе забележи дека не е истиот ќе прекине.

Италија

Роналдо постигна 101 гол за португалската репрезентација и продолжува со импресивните игри за Јувентус. Португалецот има 35 години и уште игра на највисоко ниво.

„Кристијано е подготвен да игра до 40 години, но не знае дали тоа ќе се случи. Во еден момент може да почувствува дека веќе не е во истата кондиција“, вели Сантош.

„Тој не е играч кој би го намалил своето ниво, кога ќе почувствува дека не може да биде Роналдо, ќе прекине“.