24фудбал

Бомба од „АС“: Барселона го продава Осман Дембеле на Манчестер јунајтед и го купува Мемфис Депај

Според пишувањата на „АС“, Осман Дембеле е многу блуску до трансфер во Манчестер јунајтед вреден помеѓу 50 и 60 милиони евра, со оваа зделка се отвара простор за преселба на Мемфис Депај на Камп Ноу.

Шпанија

Се верува дека Мемфис Депај е прва желба на Роналд Куман за засилување на нападот, но Барселона мора да се ослободи од играчи за да прибере средства.

Како што пренесува „АС“, ќе се креираат услови за реализаиција на овој трансфер со продажба на Осман Демебел во Манчестер јунајтед.

Весникот, повикувајќи се на сопствени извори, вели дека Французинот е многу блиску до „Олд Трафорд“ во трансфер вреден 50-60 милиони евра, односно двојно помалку од она што „каталонците“ и го платија на Борусија Дортмунд пред три години.

Останува да се види дали овие најави ќе се реалзираат, прва цел на „ѓаволите“ е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но нема никаков напредок во преговорите.

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ бара 120 милиони евра (околу 108 милиони фунти), додека пак Манчестер јунајтед е подготен да плати 100 милиони евра (околу 90 милиони фунти) од кои барем 20-30 милиони ќе бидат во бонуси.