24фудбал

Мурињо: Даер не е нормален

Жозе Мурињо по крајот на мечот е полн со пофалби за Ерик Даер кој беше играч на натпреварот, а имаше и еден необичен момент кога во текот на натпреварот излезе од теренот и отиде до тоалет.

Англија

Тотнем го победи Челси на пенали и се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот. Мурињо е среќен по мечот, а посебно место во неговата прес конференција имаше Даер.

„Бевме подготвени за борба, ви реков. Им реков на играчите пред пеналите дека беа фантастични во второто полувреме, направивме Челси да изгледа како просечен тим. Тимот го чекаше вистинскиот момент за да нападне“, вели Мурињо.

„Јас требаше да мислам за три натпревари во исто време, но играчите требаше да мислат само на овој меч, беа феноменални. Феноменални“.

„Се обидовме да го организираме тимот со играчите кои ги имаме на располагање. Тоа што се случи со Ерик Даер не е нормално, треба да го пофалам на посебен начин. Треба да биде забрането играч да игра два натпревари за 48 часа на ова ниво. Тоа што го направи тој не е може да го направи обичен човек“. (Даер за 48 часа одигра два меча по 90 минути).

Мурињо потоа го објасни моментот кога Даер излезе од теренот: „Требаше да излезе, немаше друг избор. Можеби е нормална работа кога сте комплетно дехидрирани што беше случај тука, влегов за да му направам притисок побрзо да се врати, но тој е пример за сите. Доколку авторитетите не се грижат за фудбалерите, јас се грижам“.

„Што се однесува до пеналите, мојата историја не е добра, но овој пат чувствував дека се се одвива добро“.

Мурињо соопшти и дека нема да го игра Даер против Макаби бидејќи не е возможно за два дена тој да одигра уште еден натпревар.