24фудбал

Манчестер јунајтед разгледува четири алтернативи за Џејдон Санчо

Манчестер јунајтед полека се предава во намерата да го ангажира Санчо, англискиот клуб не нуди колку што бара Борусија Дортмунд, а има само уште неколку дена до крајот на преодниот рок.

Англија

Англискиот клуб ги разгледува алтернативите за офанзивен фудбалер и наскоро треба и конкретно да реагира.

Според „Скај Спортс“, Јунајтед има четири решенија, треба да одбере едно од нив.

Осман Дембеле од Барселона, Исмаил Сар од Ватфорд, Лука Јовиќ од Реал Мадрид или Единсон Кавани кој е слободен играч.

Манчестер јунајтед во овој преоден рок потроши само 39 милиони фунти, го ангажираше Дони ван де Бек.

Фановите се гневни на раководството бидејќи на клубот му треба напаѓач, евентуално и уште еден централен дефанзивец, но наместо тоа се ангажираше играч на место каде што и онака има доволно конкуренција.

Преодниот рок завршува во понеделник, па клубот дотогаш има време да купи барем напаѓач.