24фудбал

Каљехон си замина од Наполи, но ќе остане во Серија А?

Фиорентина го посакува Хозе Каљехон како замена за Федерико Киеза кој е пред трансфер во Јувентус.

Италија

Хозе Каљехон замина од Наполи ова лето и се уште нема потпишано за друг клуб.

Според „Скај Спорт Италија“, Фиорентина му понудила договор на Каљехон, можност да продолжи во Серија А.

Јувентус се во преговори со Фиорентина за ангажман на Федерико Киеза, па виолетовите во Каљехон гледаат замена за напаѓачот.

Каљехон од 2013 година го носеше дресот на Наполи, за тие седум години одигра 349 натпревари, постигна 82 гола и имаше 78 асистенции.