24фудбал

Им даде гол и го купија, Милан го потврди трансферот на Хауге

Милан го ангажираше офанзивниот фудбалер на Бодо/Глимт, Јенс Питер Хауге кој импресионираше токму против нив во меч од квалификациите во Лига Европа.

Италија

Јенс Питер Хауге му даде гол на Милан, а имаше и асистенција, неговата партија против италијанскиот клуб беше дотолку импресивна што тие одлучија да го купат.

„Милан со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Јенс Питер Хауге од ФК Водо/Глимт. Норвежанецот стави потпис со росонерите до 30 јуни, 2025. Тој ќе го носи дресот со број 15“, стои во соопштението на Милан.

Хауге е офанзивен фудбалер кој игра по крилните позиции.