24фудбал

УЕФА дозволува враќање на публиката на стадионите, но властите треба да дадат зелено светло

УЕФА даде зелено светло за навивачи на стадионите на натпреварите кои се под нивна капа, но секоја земја посебно во зависност од мерките на власта ќе решава дали ќе има публика на одредени мечеви.

Останато

Европската куќа на фудбалот денеска и официјално одобри враќање на публиката на стадионите.

Суперкупот кој се одржа во Будимпешта беше тест за враќање на навивачите и беше успешно положен.

Според УЕФА, стадионите ќе можат да се полнат до одреден степен, не со цел капацитет, но клучната одлука ќе ја има и власта која ги одредува мерките во зависност од ситуацијата со коронавирус во државата.

Во Македонија на сила уште е одлуката за забрана на присуство на публика на спортските натпревари, тоа значи дека мечот со Косово ќе го играме пред празни трибини.