24фудбал

„Не ја разбирам политиката на Јунајтед, Кавани се купуваше пред пет години, сега може само...“

Легендата на „ѓаволите“, Пол Сколс го критикуваше раководството на Манчестер јунајтед за ангажманот на Единсон Кавани, вели дека еден ваков трансфер се правел пред 5-6 години кога Уругваецот бил топ напаѓач, а сега може да се донесе само на позајмица.

Англија

Не престануваат критиките на адреса на Манчестер јунајтед за ангажманот на Единсон Кавани, кој потпиша во последниот ден од преодниот рок и стане еден од најплатените на Олд Трафорд со неделни примања од над 200.000 фунти.

Синоќа, Хари Реднап истакна дека ова е знак на очај, а негодување сега изрази и Пол Сколс.

„Очигледно е дека на времето Единсон Кавани беше напаѓач од топ квалитет. Нема сомнеж. Но сега има 33 години, се чинеше дека ќе се пензионира. Минатата сезона не играше многу за ПСЖ“ - вели легендата на „ѓаволите“.

„Пред 5-6 години, да ќе беше големо засилување, веројатно ќе не однесеше на следното ниво. Но мислам дека во моментов нема да не однесе на следното ниво“.

„Не ја разбирам политиката на Манчестер јунајтед, но се чини дека така работи клубот во денешно време. Кога ќе ги погледнeтe напаѓачите кои ги имаме, Единсон Кавани може да пристигне само на позајмица и тоа од два-три месеци доколку Манчестер јунајтед има проблеми во форот“.