24фудбал

„Идеалната позиција на Гризман во Барселона е клупата за резерви“

Хетафе приреди изненадување во шестото коло од Примера откако го совлада фаворитот Барселона на домашен терен, и тоа за прв пат по цели девет години.

Шпанија

Барселона загуби на гостувањето кај Хетафе, а Каталонците сега се на удар по очајното издание, особено се издвојува Антоан Гризман кој никако да се пронајде во овој клуб по трансферот од Атлетико Мадрид.

Сега, на Гризман му се „нафрли“ новинарот на „Радио Марка“, Давид Санчез кој во својата анализа и оценување на фудбалерите на Барселона од вчерашниот меч, наведе дека најидеалната позиција за Гризман во Барселона е всушност клупата за резерви.

Можеби ставајќи го на клупата на резерви е веројатно најдобрата и најидеална позиција во Барселона за него“ пишува тој.

Французинот имаше уште еден лош натпревар зад себе, пропуштајќи и голема прилика да погоди, едноставно не можеше да одигра полошо од ова“ додаде Санчез во својата анализа.