24фудбал

Фудбалер на Кадиз стана хит поради прашањето до Бензема на сред натпревар: Човеку што парфем користиш?

Дефанзивецот на Кадиз, Рафаел Хименз Харке кој е познат како Фали, стана хит на социјалните мрежи откако откри дека на сред натпревар го прашал Карим Бензема што парфем користи.

Шпанија

Во саботата, Кадиз приреди големо изненадување и со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Реал Мадрид. Хит на социјалните мрежи сега стана дефанзивецот Рафаел Хименз Харке кој е познат како Фали.

Тој откри дека на сред натпревар го прашал Карим Бензема каков парфем користи.

„Го прашав Бензема, „Човеку што парфем користиш?“ Не знаете колку убаво мирисаше. Што ми кажа? Ништо, само ме погледна како да сум тропнал некоја глупост“ - вели Фали.

За тоа како ја прославил победата, тој додава: „Утрото во неделата, му се јавив на мојот братучед и му реков, „Донеси ја гитарата, отворам виски“. Испивме цело шише“.