24фудбал

Куп, осминафинале: Академија Пандев во обид да го скрши мразот против Вардар

Денеска се играат натпреварите од осминафиналната фаза во националниот куп, каде „дербито“ во таа фаза сигурно е дуелот помеѓу актуелниот освојувач Академија Пандев и Вардар.

Македонија

Академија Пандев – Вардар, ова е дуелот кој може да се нарече како дерби во осминафиналната рунда натпревари во националниот куп кој ланската сезона беше прекинат поради пандемијата со коронавирусот, а воедно не доби ниту продолжение до крајот.

Како и да е, актуелен освојувач и натаму е Академија Пандев, а Струмичани сигурно не можат да се пофалат со добри резултати од „историјатот“ на одиграни натпревари со „Црвено-црните“, со кои имаат одиграно 11 натпревари досега, во кои Вардар запиша седум победи, а четири меча завршија нерешено, со тоа што Струмичани досега немаат победа.

                                                           

Ова се сите осминафинални двојки во националниот куп кои денеска стартуваат со почеток од 14,30 часот:

Академија Пандев – Вардар

Струга Трим Љум – Работнички

Ренова – Пелистер

Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса

Брегалница – Беласица

Кожув – Силекс

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го Пехчево