24фудбал

Иско во проблеми, камерите го уловија како се жали од Зидан: Ме пушта во игра дури во 80-та минута... (ВИДЕО)

Камерите на програмата „Ел Партидазо“ на Мовистар уловија интересен момент на клупата на Реал Мадрид пред почетокот на „Ел класико“, Иско се жалеше од третманот на Зинедин Зидан.

Шпанија

Иско изрази незадоволство од минутажата која ја добива. Шпанецот беше уловен од камерите како се жали од Зинедин Зидан.

Пред почетокот на „Ел класико“, фудбалерот од средниот ред на трибините разговараше со соиграчите и рече: „Ако треба да ме замени, ме вади од игра во 50-та или 60-та минута, понекогаш и на полувреме. Ако треба да ме пушти во игра, ме пушта во 80-та минута“.

Марсело и Модриќ се насмеаја по ваквите коментари, додека другите не му обрнаа многу внимание, Лука Јовиќ си гледаше во мобилниот.