24фудбал

Пирло е сигурен во Јувентус, има доверба од раководството на клубот, но и од фудбалерите

41 годишниот фудбалски стратег ја има довербата во Јувентус, така неговата позиција во никој случај не е ставена под прашалник, откако „Старата дама“ по седумте меча запиша киксови против Кротоне и Верона во Серија А, а ниту поразот од Барселона во Лигата на шампионите не донесе позитивни впечатоци.

Италија

Јувентус во целост како клуб е зад својот тренер Андреа Пирло, а од клубот не сакаат да креираат дополнителни маки за својот поранешен фудбалер, но и неговите избраници со тоа што ќе почне да размислува за алтернативни опции, меѓутоа, во клубот сигурно имаат и планови за најлошото сценарио во поглед на оваа тема.

Пирло ја предводеше „Старата дама“ во поразот од Барселона на свој терен во второто коло од Лигата на шампионите, што воедно е прв пораз за него на клупата на италијанскиот првак, а за момент се појавија одредени шпекулации низ медиумите дека разочарувачкиот старт во новата сезона во Серија А, дополнително со поразот од Барселона би можеле да придонесат клубот да почне да размислува за алтернативни опции.

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели редовно ќе присуствува на тренинзите на тимот претстојниот период, а за да му се помогне на Пирло, во неговиот стручен штаб ќе биде ангажиран и Паоло Монтеро, кој мина девет години во дресот на Јувентус, односно помеѓу 1996. и 2005. година.

Уште еден детал кој индицира на тоа дека Пирло е сигурен на клупата на Јувентус, е фактот што ја има и поддршката од своите фудбалери.