24фудбал

Во Њукасл грмат по судијата: Тоа не беше пенал!

Њукасл беше пред голема победа во Париз која ќе ги однесеше чекор поблиску до осминафиналето во ЛШ, но длабоко во судиското продолжение ПСЖ доби контроверзен пенал кој го реализираше Мбапе за израмнување.

Лига на Шампиони

Пеналот е сомнителен затоа што топката прво удира во телото на играчот на Њукасл, а потоа во раката. Ситуации кои обично не се судат како пенали.

„Според мене, тоа не беше добра одлука“, вели тренерот на Њукасл, Еди Хоу.

„Топката прво го удри во градите, а потоа го удри во рака. Мислам дека и неговата рака беше во природна положба. Тој трчаше. Ова е лоша одлука“.

„Фрустрацијата е голема бидејќи имаше уште многу малку до крајот на натпреварот, но не можеме сега ништо да направиме“.

„Јас треба да се контролирам себеси, тоа ми е работа. Не смеам да ја загубам контролата. Но, мислам дека по сето тоа што го покажаа фудбалерите денеска, мислам дека е многу тешко да се прифати еден ваков резултат, особено што сега судбината за осминафинале не е во наши раце“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.