24фудбал

Мбапе: Бевме подобри од првата до последната минута, требаше да победиме!

Килијан Мбапе е фрустриран што ПСЖ не го победи Њукасл, иако впечатокот е дека францускиот тим се спаси од пораз со непостоечки пенал.

Лига на Шампиони

ПСЖ беше на работ на пораз, но длабоко во судиското продолжение им беше свирнат контроверзен пенал кој го реализираше Мбапе во 98. минута и изедначи на 1-1.

„Фрустрирачки е бидејќи доминиравме од самиот старт, па до крајот, тие немаа ништо и ние знаевме дека нивната игра е да немаат ништо“, вели Мбапе.

„Имавме барем 9-10 чисти шанси, но не реализиравме, а во вакви натпревари тоа мора да го направите“.

„Во Дортмунд мора да одиме на победа бидејќи сакаме да го освоиме првото место во групата. Ако играме вака и бидеме поефикасни, сигурно ќе победиме таму“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.