24фудбал

УЕФА меѓу редови ја призна грешката: Го отстрани ВАР судијата кој „кумуваше“ на контроверзниот пенал за ПСЖ

Европската куќа на фудбалот реши да го острани ВАР судијата Томаш Квјатковски по синоќешниот контроверзен пенал на ПСЖ, Полјакот вечерва нема да биде во ВАР собата на натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и РБ Салцбург.

Лига на Шампиони

Контроверзниот пенал кој го доби ПСЖ и со кој Њукасл остана без победа на гостувањето во Париз е топ тема по синоќешните натпревари во Лигата на шампионите.

УЕФА не го коментира судењето, но Европската куќа на фудбалот меѓу редови ја призна грешката со тоа што го отстрани ВАР судијата Томаш Квјатковски, па Полјакот нема да биде во ВАР собата на вечерашниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и РБ Салцбург.

Имено, Томаш Квјатковски вчера го повика својот сонародник Шимон Марчињак уште еднаш да го погледне моментот кога Тино Ливарменто играше со рака по нафрлувањето на Осман Дебеле и препорача одлуката на теренот да биде променета.

Потегот е прилично контроверзен со оглед на тоа дека топката прво удри во телото на Тино Ливраменто, па потоа во неговата рака, а се чини и дека раката на фудбалерот на Њукасл е во природна позиција, со што нема доволно елементи за најстрога казна.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.