24фудбал

Тен Хаг по ремито со Галатасарај: Се движиме во вистинска насока!

Манчестер јунајтед е пред елиминација од Лигата на шампионите, но Ерик тен Хаг верува во проектот и смета дека се движат во вистинскиот правец.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед игра под очекувањата оваа сезона, многу од навивачите не се задоволни иако тимот врза серија победи во Премиерлигата. Тен Хаг е оптимист и смета дека работите ќе си дојдат на свое.

„Јас сум одговорен за ова. Ова е проект. Одиме напред и имаме подобрување што е многу надежно“, вели Тен Хаг.

„Се движиме во вистинска насока, па знам каде треба да одиме и кои чекори треба да ги преземеме за да бидеме успешни на долг рок“.

„Продолжувам да мислам дека овој тим е добар. Сите играчи во тимот се добри и заслужуваат да играат во Манчестер јунајтед бидејќи тоа се фантастични играчи. Тоа се однесува на целиот состав“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.