24фудбал

Јунајтед испиша неславен рекорд во ЛШ, Фердинанд порача: Си заслуживте, играте камиказа фудбал!

Манчестер јунајтед стана првиот клуб од Англија кој примил 15 гола во групната фаза во Лигата на шампиони, па Рио Фердинанд не се штедеше со критиките кон Ерик тен Хаг и фудбалерите.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед вечерва загуби од Баерн Минхен, и не само што доживеа елиминација во најелитното европско натпреварување, заврши на последното место во групата и нема да продолжи во Лига Европа.

Притоа беа испишани неколку негативни рекорди, „ѓаволите“ никогаш не ја завршиле групната фаза со толку малку бодови (4), и станаа првиот тим од Англија кој примил 15 гола во групната фаза во Лигата на шампиони.

„Ова е огромно разочарување“ - вели Рио Фердинанд. „Кога беа извлечени групите, сите очекуваа Манчестер јунајтед да продолжи понатаму“.

„Да постигнете по три гола на секој од гостинските натпревари, и да освоите само бод, тоа е криминал, искрено.

„12 погодоци дадени и 15 примени, тука е проблемот. Играат камиказа фудбал, како да играат кошарка - вие напаѓате, па ние напаѓаме. Не можете да се однесувате вака на ова ниво, ве казнуваат“.

„Добија тоа што заслужуваат. Доколку не знаете како предвреме да го решите натпреварот, не заслужувате да продолжите во нок-аут фазата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.