24фудбал

Јунајтед имаше еден шут во голот на Нојер, Тен Хаг вели дека одиграле многу добро!

Манчестер јунајтед синоќа на свој терен со 1-0 загуби од Баерн Минхен и го заврши настапот во Европа како последен во групата.

Лига на Шампиони

Притисокот на Тен Хаг се зголемува, Манчестер јунајтед синоќа повторно разочара. На англискиот тим му беше потребна победа, но упати само еден удар во рамките од голот на Мануел Нојер и тоа преку Лук Шо кој биеше со шут од далечина.

Но, Ерик тен Хаг вели дека одиграле многу добро, но пред нив бил силен тим.

„Одигравме многу добро, дефанзивно бевме многу добри и во пресингот. Имавме освоено многу топки, особено во второто полувреме. Но, не искористивме од тоа, игравме против силен тим“, рече Тен Хаг по мечот.

„Баерн Минхен, дури и кога не се во мечот, имаат доволно индивидуална класа за да го решат мечот со еден момент, тоа и се случи“.

„Знаеме дека сакаме да бидеме поконстантни. Јас како тренер треба да го унапредам тимот, да помогнам да имаме прогрес, а фудбалерите треба да понесат одговорност. Треба да го направиме тоа заедно“.

„Не гледам со жалење кон оваа фаза, сакавме да бидеме во нокаут фазата од Лигата на шампионите, тоа ни беше целта, но треба да научиме од тоа и да прифатиме дека одигравме и добар фудбал“.

Манчестер јунајтед во недела има нов тежок предизвик, му гостува на Ливерпул во меч од Премиерлигата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.