24фудбал

Манчестер Сити со победа се враќа од Белград, Црвена звезда одигра храбро, но не избегна пораз (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион, Манчестер Сити со шест победи од шест натпревари ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите откако денеска со 3-2 славеше на гостувањето кај Црвена звезда.

Лига на Шампиони

Сити веќе го имаше освоено првото место, па Пеп Гвардиола денеска се одлучи да настапи со комбиниран состав, шанса им даде на некои фудбалери кои се сосема нови за фудбалската јавност.

Резултатот го отвори Мика Хамилтон со погодок во 19. минута. Тој беше еден од играчите кои добија шанса и ја искористија.

Таков беше и вториот стрелец за Сити, Оскар Боб во 62. минута постигна гол за предност од 2-0.

15 минути подоцна Црвена звезда се врати во игра, Хванг намали на 2-1, но брзо потоа Манчестер Сити доби пенал кој го реализираше Филипс за 3-1.

Иако имаше уште малку време до крајот, Црвена звезда не се откажа. Во првата минута од судиското продолжение по еден корнер, Катаи постигна гол со глава и намали на 3-2. Српскиот тим сепак до крајот не успеа да направи чудо и да дојде до бод, тоа беше конечниот резултат.

Во другиот меч од оваа група Лајпциг со 2-1 го победи Јанг Бојс.

Манчестер Сити како прв ја заврши групата со максимални 18 бодови, покрај нив во осминафиналето оди Лајпциг кој освои 12 бодови, Јанг Бојс како третполасиран освои четири бода и оди во Лига Европа, а Црвена звезда со само еден освоен бод доживеа елиминација од Европа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.