24фудбал

Рома ја продолжи добрата форма под водство на Де Роси, убедлив триумф кај Монца (ВИДЕО)

Рома со убедливи 4-1 се враќа од гостувањето кај Монца, римската волчица бележи одлични резултати под водство на Даниеле Де Роси.

Италија

Гостите на гол се израдуваа уште во 18. минута кога погоди Кристанте, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Во 38. минута Пелегрини погоди за предност од 1-0, а четири минути подоцна Лукаку реализираше за 2-0. Тоа беше резултатот по првиот дел.

Течеше 63. минута кога Дибала погоди од слободен удар за 3-0, а во 82. минута Паредес реализираше пенал за 4-0.

До крајот на мечот Карбони успеа да постигне почесен гол за Монца за конечни 4-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.