24фудбал

Интер веќе има 15 бодови повеќе од Јуве! (ВИДЕО)

Интер се испоти за да ја добие Џенова, резултатот беше 2-1, но со овие три бода нероазурите дополнително ја зголемија предноста на врвот, сега имаат 15 бодови пред Јувентус.

Италија

Јувентус загуби на гостувањето кај Наполи, а тоа Интер го искористи за дополнитено да ја зголеми предноста. На 11 кола до крајот на сезоната, во Серија А веќе е јасно кој ќе биде новиот шампион.

Интер имаше добро прво полувреме по кое водеше со 2-0 со голови на Аслани и Санчез од пенал.

По девет минути игра во второто полувреме Васкез даде гол, намали на 2-1 и го направи натпреварот поинтересен.

Џенова имаше шанси и за израмнување, но Интер успеаа да преживее и да запише нова победа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.