24фудбал

Лукаку се скина од смеење на едно новинарско прашање (ВИДЕО)

Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку почна неконтролирано да се смее на едно обично новинарско прашање по вчерашниот меч со Брајтон.

Италија

Рома вчера со 4-0 го победи Брајтон, Лукаку беше еден од стрелците на погодоците.

Белгиецот одлично се вклопи во Рома, но прашање е дали ќе остане таму и следната сезона со оглед на фактот дека тој е играч на Челси и волчицата ќе треба да одвои висока сума за да го откупи.

Прашањето на новинарот на „Скај Спорт“ беше токму тоа, дали би сакал да остане во Рома.

Белгиецот не сакаше да одговори, па се изнасмеа, само кажа: „Не сакам да создавам контроверзи во Англија. Мора да бидам интелегентен“.

Лукаку се воздржа од одговор бидејќи веќе имаше голем проблем во Англија со искрени изјави. Беше нападнат од сите страни кога како играч на Челси рече дека подобро му е во Италија и сака повторно да игра таму.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.