24фудбал

Интер може да загуби пет меча до крајот на сезоната и пак да биде шампион! (ФОТО)

Во Италија веќе нема дилеми кој ќе биде новиот шампион на Италија, теоретски Скудетото не е заверено, но треба да се случи чудо невидено за Интер да не ја освои титулата.

Италија

На десет кола до крајот Интер е прв со 75 бода, Милан е втор со 59, а Јувентус има 58 бодови.

Разликата меѓу Интер и Милан е цели 16 бодови.

Вкупно има уште 30 бодови во игра, а тоа значи дека Интер може да загуби на пет меча, притоа Милан и Јувентус да ги добијат сите свои дуели, нероазурите пак би биле шампиони.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.