24фудбал

Погба може да игра во необичен руски клуб за плата од 1.500 евра

Пол Погба доби четиригодишна суспензија откако беше позитивен на допинг, тоа веројатно значи и крај на неговата кариера.

Италија

Но, од Италија стигнуваат информации дека на адреса на Погба пристигнала чудна понуда од Русија.

Се работи за аматерскиот тим Броук Бојс кој игра во лига каде што настапуваат славни личности.

Проектот започнал од 2022 година, а е составен од познати личности со најразлични професии.

Спортскиот директор на Броук Бојс, испратил понуда до менаџерката на Погба, Рафаела Пимента според која фудбалерот би заработувал 1.500 евра месечно.

Тоа е смешна сума за Погба, бидејќи до минатата сезона имаше договор со плата од 10 милиони евра годишно.

Но, доколку сака да се забавува во периодот додека му трае суспензијата, има опција да го прави тоа.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.