24фудбал

Италијански тренер ќе добие суспензија која не може да се одлежи!

Веќе поранешниот тренер на Лече, Роберто Даверса ќе добие суспензија поради ударот со глава врз напаѓачот на Верона, Томас Хенри.

Италија

По крајот на мечот меѓу Лече и Верона, Даверса го удри со глава Хенри.

Поради инцидентот, Лече веднаш реагираше и му даде отказ на својот тренер кој сега е без работа.

Но и покрај тоа, „Кориере дело Спорт“ пишува дека Даверса ќе добие минимум пет меча суспензија.

Суспензијата треба да стапи на сила веднаш откако ќе биде донесена, но нема да може извршена бидејќи Даверса во моментов е без работа и не е тренер на ниту еден тим.

До неговиот следен ангажман сигурно ќе поминат најмалку пет натпревари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.