24фудбал

Сари си поднесе оставка, тројца поранешни фудбалери на Лацио во конкуренција за нов тренер

Маурицио Сари веќе не е тренер на Лацио, си поднесе оставка поради лошите резултати и четирите едноподруго порази во сите натпреварувања.

Италија

Во Лигата на шампионите Лацио беше елиминиран од Баерн Минхен, а во Серија А загуби од Фиорентина, Милан и Удинезе. Резултатите и претходно беа променливи, па оваа лоша серија беше само капката по која Сари одлучи да замине.

Наводно Сари не чувствувал повеќе поддршка од управата на клубот и решил дека сега е моментот кога треба да замине.

Веднаш по информацијата за оставката на Сари, почнаа шпекулации во врска со неговиот евентуален наследник. Наводно, во конкуренција се тројца стручњаци кои се поранешни играчи на Лацио, но немаат некој голем успех на тренерски план. Станува збор за Мирослав Клосе, Кристијан Броки и Томазо Роки.

Првите двајца ги завршија своите кариери како членови на Лацио, додека Роки остави длабока трага во деветте сезони поминати во синиот дрес во кој, меѓу другото, ја носеше и капитенската лента. Според информациите од Италија, Клосе би прифатил договор до крајот на сезоната, но Лотито ќе преговара и со Роки кој го водеше младинскиот тим на Лацио, како и со Броки.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.