24фудбал

Лацио го назначи наследникот на Сари

Италијанскиот стратег, Џовани Мартушијело е нов тренер на Лацио, тој доаѓа на местото на Маурицио Сари кој си поднесе оставка од функцијата.

Италија

Иако низ италијанските медиуми се шпекулираше со многу пославни имиња, Лацио се одлучи довербата да му ја даде на Џовани Мартушијело кој му беше помошник на Маурицио Сари.

Тој стави потпис на договор до крајот на сезоната.

Иако има 52 години, Мартушијело има само една сезона работено како прв тренер. Тоа било во Емполи во сезоната 2016-17. Покрај во Лацио, помошник тренер бил и во Емполи, Интер и Јувентус.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.