24фудбал

Дебакл на Серија А, ниту еден италијански тим нема во четвртфиналето од ЛШ!

Минатата сезона имаше италијанска доминација во Лигата на шампионите, но оваа ниту една екипа не успеа да го помине осминафиналето.

Италија

Лани Италија имаше дури три претставници во четвртфиналето, Интер и Милан играа во полуфиналето, а нероазурите беа финалисти.

По само една сезона се случи вистински дебакл, ниту еден италијански претставник нема меѓу осумте најдобри.

Милан испадна уште во групната фаза, а Интер, Наполи и Лацио беа елиминирани во осминафиналето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.