24фудбал

Жесус до судијата: Ачерби ме нарече црнец!

Дефанзивецот на Наполи, Жуан Жесус му се пожали на судијата дека Франческо Ачерби го навредил на расна основа, но Бразилецот по крајот на натпреварот порача дека она што е кажано на теренот, останува таму.

Италија

Наполи се избори за бод на гостувањето кај Интер, Жуан Жесус во финишот погоди по еден корнер и изедначи на 1-1, откако Дармиан претходно ги донесе домаќините во вовдство во последните минутди од првиот дел.

Бразилецот по крајот на пресметката се најде во фокусот откако камерите го уловија како му се жали на судијата дека бил навреден на расна основа.

„Ме нарече црнец!“ - му кажа Жесус на судијата и со прстот покажа кон Франческо Ачерби.

Сепак, на средбата со новинарите тој реагираше смирено и порача: „Она што се случи на теренот, останува таму. Тој се извини, па инцидентот е минато“.

„Го познавам Ачерби, се работи за добро момче и тој се извини веднаш, му стана јасно дека претера со одредени коментари. Се надевам дека ќе извлече поука од ова и нема да му се повтори“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.