24фудбал

Големото летно засилување на ПСЖ со шокантна исповед: 20 дена крварев и повраќав

Напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамош открива дека имал сериозни здравствени проблеми во декември, 20 дена крварел и повраќал, ослабнал дури 8 килограми.

Франција

Гонсало Рамош минатото лето се пресели во ПСЖ на позајмица од Бенфика за да се изиграат правилата за Финансиски фер-плеј, и по само неколку месеци пристигна информација дека тој во целост ќе биде купен во зделка вредна околу 80 милиони евра.

Но напаѓачот не добиваше многу шанса, па во еден период почна да се шпекулира дека „светците“ веќе размислуваат за негова продажба.

Сепак, зад сцената се случувале многу работи, Гонсало Рамош имал сериозни здравствени проблеми во декември.

„Декември беше многу тежок месец. Се почна со вирус, кој потоа предизвика инфекција на дебелото црево. 20 дена крварев и повраќав, не можев да јадам, имав грозница и висока температура. Четири или пет пати завршив во болница, ослабнав дури 8 килограми“ - раскажува Португалецот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.