24фудбал

Ачерби на директорите на Интер им открил што точно му кажал на Жесус

Франческо Ачерби вчера имал состанок со директорите на Интер, дефанзивецот уште еднаш порачал дека не упатил расистички навреди кон Жуан Жесус и открил што точно му кажал на фудбалерот на Наполи.

Италија

Франческо Ачерби е во фокусот на јавноста откако Жуан Жесус на натпреварот помеѓу Интер и Наполи, му се пожали на судијата дека бил навреден на расна основа и бил наречен црнец.

Фудбалерот на Интер беше исфрлен од репрезентацијата на „аѕурите“ по скандалот, а Фудбалската федерација на Италија отвори истрага.

Дефанзивецот синоќа се сретнал со директорите на Интер за да објасни што точно се случило, и тој уште еднаш порачал дека не упатил расистички навреди кон Жуан Жесус.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Франческо Ачерби појаснил дека кажал „Ti faccio nero“, фраза која значи „Ќе те направам модар“, и не е расистичка.

Останува да се види што ќе покажа истрагата на ФФИ, доколку биде прогласен за виновен, Франческо Ачерби може да добие суспензија и до 10 натпревари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.