24фудбал

Заниоло: Рома ми е во срцето, никогаш нема да играм за Лацио!

Николо Заниоло вели дека посакува да се врати во Серија А, но тоа дефинитивно нема да биде Лацио поради почитта која ја има за Рома.

Италија

Заниоло немаше добра разделба со Рома, но и покрај тоа е приврзан за римскиот клуб и нема намера да игра за соседот.

„Рома останува во моето срце, никогаш во животот нема да одам во Лацио“, изјави Заниоло за „Кориере дело Спорт“.

„Фокусиран сум на Астон Вила, а потоа Галатасарај ќе одлучува за мојата иднина“.

„Ми недостасува Италија, се разбира, но мојота агент ќе ме информира во случај да има конкретни понуди“.

Тој вели дека Унаи Емери е еден од најдобрите тренери во светот и покрај тоа што не се изнаигра во Астон Вила.

„Унаи Емери е еден од најдобрите тренери во светот, на исто ниво со Пеп Гвардиола, Клоп и Мурињо. Вистина е, немав многу голема минутажа и очекував повеќе. Но искрен сум за да кажам дека Емери е тренер од светска класа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.