24фудбал

Ангеловски: Наместо да се подобруваме, тие со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација во историјата на Македонија!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски распали по ФФМ и селекторот Милевски.

Македонија

Грузија синоќа го завери настапот на Европското првенство, патот кој Македонија го изоде пред три години. Грузијците двапати стигнаа до таков меч, а ние потфрливме и сме далеку од тој историски успех кој го направивме под водство на Ангеловски.

„Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки.

Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се "честита". Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ.

Резултатот е нешто што не можеш да го смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи“, напиша Англовски на социјалните мрежи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.