24фудбал

Јунајтед и Ливерпул меркаат дефанзивци на Јувентус, „старата дама“ очекува да инкасира 100 милиони

Медиумите од Италија пренесуваат дека Манчестер јунајтед сака да го купи Глеисон Бремер, додека пак Ливерпул на радарот го има Дин Хујсен, Јувентус очекува да инкасира околу 100 милиони евра.

Италија

Манчестер јунајтед и Ливерпул планираат ова лето да пазарат во Торино.

Денешното издание на „Кориере дело Спорт“ објави дека цел на „ѓаволите“ е дефанзивецот Глеисон Бремер.

27 годишниот Бразилец неодамна стави потпис на нов договор, но во него има откупна клаузула од околу 60 милиони евра, сума која не претставува проблем за Манчестер јунајтед.

„Газета дело Спорт“ пак пренесува дека Ливерпул го мерка Дин Хујсен, кој во моментов игра на позајмица во Рома.

„Волчицата“ сака да го задржи Холанѓанецот, но не може да одвои 40 милиони евра, колку што бара Јувентус.

Но затоа пак „црвените“ од Енфилд лесно можат да си ја дозволат цената која ја постави „старата дама“.

ГДС исто така пишува дека Манчестер јунајтед е подготвен да ја активира откупната клаузула на Глеисон Бремер од 60 милиони евра, па со продажба на овие двајца дефанзивци, Јувентус ќе може да инкасира 100 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.