24фудбал

Баерн Минхен му постави ултиматум на Алфонсо Дејвис, па доби жесток одговор од агентот

Агентот на Алфонсо Дејвис го крена гласот откако Баерн Минхен постави ултиматум и побара од левиот бек на почетокот од април да одговори дали ќе ја продолжи соработката.

Германија

Изминатиов период често се пишува за трансфер на Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид, левиот бек е под договор со Баерн до јуни 2025, преговорите за нова соработка тапкаат во место, па „кралевите“ сакаат да ја искористат оваа ситуација и летоска да го купат репрезентативецот на Канада.

Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека „баварците“ му поставиле ултиматум на Алфонсо Дејвис и побарале од играчот на почетокот од април да се изјасни кои му се плановите за иднината.

На ова жестоко реагираше агентот на левиот бек.

„Не е фер што вака го напаѓаат Алфонсо сега. Пред една година бевме блиску до договор. Но тогаш беше променето целото раководство на клубот. Потоа седум месеци не слушнавме ништо од нив, и покрај тоа што јас во неколку наврати се обидов да стапам во контакт со клубот“ – вели агентот.

„И сега ни е поставен ултиматум, треба да одлучиме во две недели бидејќи клубот е под притисок. Тоа не е фер“.

„Ова е многу важен договор во кариерата на Алфонсо, а треба да донесеме одлука без да знаеме кој ќе биде новиот тренер, без да знаеме како ќе изгледа тимот следната сезона“.

„Затоа мислам дека не е фер овој ултиматум. На крајот од сезоната ќе одлучиме за следниот чекор, тогаш ќе имаме многу појасна слика“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.