24фудбал

Солзите на Винисиус биле „театар“, Бразилецот снимал документарец за Нетфликс?!

Солзите на Винисиус Жуниор на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Шпанија и Бразил биле само обичен театар, во позадина биле камерите на Нетфликс, кој снимал документарец за напаѓачот.

Останато

Напаѓачот на Реал Мадрид често е мета на противничките навивачи, кои не бираат зборови кога го навредуваат, па често се слушаат расистички скандирања или пораката „Винисиус умри“.

Оваа недела, Бразил гостуваше на „Бернабеу“ на пријателски натпревар против Шпанија, а Винисиус Жуниор се расплака на прес-конференцијата пред пресметката, и порача дека поради расизмот, има се помалку желба да игра фудбал.

Но одредени извори од Шпанија сега велат дека сето ова било само обичен „театар“, односно во позадина биле камерите на Нетфликс, кој снимал документарец за Бразилецот.

Во Шпанија се согласуваат дека имаат проблем со расизам на дел од трибините, но и му замеруваат на Винисиус дека и тој често знае да провоцира.

Така беше и на пријателскиот натпревар помеѓу двете земји, кога напаѓачот покажа агресија кон Лапорт, a на клупата влезе и во вербална расправија со Алваро Мората и селекторот Луис де ла Фуенте.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.