24фудбал

Алонсо донесе одлука, останува во Баер Леверкузен

Чаби Алонсо донел одлука која и официјално ќе ја соопшти во текот на денешниот ден, тој и следната сезона ќе биде тренер на Баер Леверкузен.

Германија

Алонсо прави чуда со Леверкузен оваа сезона, уште нема пораз во ниту едно натпреварување, па стана мета на Ливерпул и Баерн Минхен кои ќе имаат нови тренери наредната сезоната.

Но, ниту еден од нив нема да го има Чаби Алонсо, тој донел одлука да остане во Баер Леверкузен и следната сезона.

Одлуката ќе ја соопшти на денешната прес конференција која започнува од 14 часот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.