24фудбал

Фановите на Барселона прашуваат: Зошто одбраната на Малага вака реагираше? (ВИДЕО)

Големото ривалство помеѓу Барселона и Реал Мадрид не познава граници, па така фановите на каталонскиот гигант детално го проанализираа мечот во Малага.

Шпанија

Последното коло во Шпанија и официјално го донесе новиот шампион на Примера, во битката помеѓу Реал Мадрид и Барселона, победи тимот од Мадрид.

Барселона потешко од очекувањата славеше над Еибар со 4-2, гостите му пружија голем отпор на фаворитот, додека пак за одбележување е тоа што на „Камп Ноу“ домаќините добија пенал каков што досега не е виден.

На другата страна, се очекуваше пораз на Реал Мадрид на гостувањето кај Малага, до тоа не дојде, „Кралевите“ со триумфот од 0-2 и три бода предност на табелата во однос на својот голем ривал ја освоија шампионската титула.

Сепак, фановите на Барселона се посомневаа во пристапот во играта на фудбалерите на Малага на мечот со Реал Мадрид, од посоченото видео би можеле да проследите како дефанзивната линија на домаќините реагираше при една опасна ситуација на гостите.

Медиумите во Шпанија на големо пишуваа и за добивката на Малага доколку Реал Мадрид стане шампион во Примера.