24фудбал

Зошто ПСЖ сака да го ангажира Нејмар? Одговорот го има Венгер

Францускиот стратег се осврна на темата која ја тресе фудбалска Европа, притоа беше мошне прецизен во однос на ситуацијата со Санчез.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Арсенал, Арсен Венгер на прашање на новинарите околу ситуацијата со Алексис Санчез одговори мошне прецизно.

Санчез не побарал да си замине од клубот...“ издвои Венгер кој притоа имаше свој коментар на најавите дека ПСЖ би можел да го ангажира Нејмар.

ПСЖ сака да го ангажира Нејмар бидејќи не може да го има Санчез, ние немаме никаква потреба да го продаваме Санчез, тој ќе биде дел од нашиот тим и следната година“ додаде францускиот стратег.

Сепак, во однос на Нејмар пристигнаа неколку информации кои пак го говорат спротивното, Бразилецот останува на „Камп Ноу“, па дали тоа ќе значи враќање на ПСЖ кон својата првична цел, Санчез, останува да видиме во периодот кој претстои.