24фудбал

Нејмар, Дрекслер и Ди Мариа како поддршка за Кавани во нападот на ПСЖ (ФОТО)

Веќе се пишува за тоа како би изгледал почетниот состав на ПСЖ во кој ќе се најде и Нејмар.

Франција

Се чини дека е прашање на време кога ќе се официјализира преселбата на Нејмар од Барселона во редовите на ПСЖ, за сите шпекулации потврда дојде и од Меси, кој на социјалните мрежи емотивно се збогуваше со својот соиграч.

Доколку се оствари најавуваниот трансфер на Нејмар во ПСЖ, во тој случај неколку медиуми пишуваат за тоа како би изгледал почетниот состав на тимот од Париз во формациска поставеност од 4-2-3-1.

Нејмар во друштво на Дрекслер и Ди Мариа би биле како „поддршка“ во офанзивната линија веднаш зад најистурениот во нападот на францускиот тим, Кавани.

Притоа, вреди да се напомене дека на големо се пишува за „ујдурмата“ која ПСЖ и Нејмар ќе се обидат да ја направат за да го заобиколат финансискиот ферплеј.