24фудбал

Има ли крај: И француската лига се вмеша во трансферот на Нејмар

Француската Лига 1 бара од шпанската Ла Лига да дозволи да се реализира трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ.

Франција

Француската Лига 1 излезе со соопштение во кое бара од шпанската Ла Лига да го дозволи трансферот на Нејмар во ПСЖ.

„Лига 1 е изненадена и не разбира зошто Ла Лига не ја прифаќа уплатата за откупната клаузуала на Нејмар. Лига 1 бара од Ла Лига да ги почитува правилата на ФИФА и да биде одговорна. Лига 1 му дава поддршка на ПСЖ и посакува Нејмар да дојде во францускиот шампионат. Правните сервиси на Лига 1 му се ставаат комплетно на располагање на ПСЖ со цел трансферот на Нејмар што е можно поскоро да биде реализиран“ - се вели во соопштението на француската лига.

Претставници на Нејмар утринава пристигнаа во седиштето на Ла Лига со чек од 222 милиони евра, но беа одбиени.