24фудбал

Нејмар во бразилски стил го понижи Жан со дриблинг од уличен фудбал (ВИДЕО)

Репрезентативецот на „Кариоките“ вечерва беше расположен за надигрување против Тулуз, Нејмар ја воодушеви публиката на Паркот на Принцовите со неколку потези

Франција

Нејмар приреди шоу во победата од 6-2 над Тулуз, напаѓачот ја издрибла целата одбрана на противникот за да стави точка на натпреварот во судиското надополнување.

Но тој имаше уште неколку добри потези со кои изнуди воздишки од публиката на Паркот на Принцовите.

Таков беше случајот кога во бразилски стил го понижи Жан, со дриблинг од уличен фудбал, Нејмар со нозе ја префрли топката преку глава и го превари противникот.