24фудбал

Балотели има решение за кавгата меѓу Нејмар и Кавани, но кој го разбра (ФОТО)

Марио Балотели се јави со коментар за кавгата помеѓу Кавани и Нејмар која е актуелна во изминатиот период.

Франција

Кавани е прв изведувач на пенали и слободни удари, но Нејмар веќе неколку пати се обиде тој да ја земе топката и да шутира, не успеа во намерата.

Само интервенција на Тиаго Силва спречила тепачка помеѓу Нејмар и Кавани во соблекувалната, а Бразилецот го избришал од инстаграм својот партнер од нападот.

Критиките вообичаено одат на адреса на Нејмар бидејќи тренерот одлучил Кавани да биде првиот изведувач. Со коментар се јави и контроверзниот Балотели, но никој од медиумите со сигурност не може да протолкува што сакал тој да каже.

„Ти не треба ниту да прашуваш за да ги шутираш“ - преку инстаграм стори му рече Балотели на Нејмар.

Едната верзија на овој коментар може да биде дека Балотели сака да му каже на Нејмар дека тој е толку голем што без прашање треба да ја земе топката и да шутира. На овој начин тој му дава поддршка на Бразилецот.

Втората верзија е дека сака да му каже дека изведувањето на пеналите не е негова работа и не треба да помисли ниту да праша, не па да шутира.

Што точно сакаше да каже, веројатно само Балотели знае, а останатите може да погодуваме.