24фудбал

Бод голем како планина од гостувањето во Торино, Трајковски донесе реми против Италија! (ВИДЕО)

Позитивен исход на средбата во Торино за нашите сениори во квалификациите за СП Русија 2018.

Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Италија во Торино, во рамките на деветтото, претпоследно коло од групата „Г“ од квалификациите за СП Русија 2018.

Домаќините први поведоа на мечот, а ремито од ова гостување за нас го донесе „џокерот“ од клупата на селекторот Игор Ангеловски, Александар Трајковски.

Италија тргна мошне офанзивно во дуелот со Македонија, а првата посериозна шанса ја имаше уште во 7. минута од средбата во Торино.

Сепак, одлична и пред серефлексна реакција имаше нашиот голман Димитриевски кој спаси негатива за нашиот состав во оваа ситуација при шансата на Инсиње која дојде по една одлична акција на домаќините.

Каква одбрана на Димитриевски...

Првата шанса за нашиот состав дојде од капитенот Пандев кој во 17. минута речиси сам си ја создаде таа прилика, но неговиот удар беше одбранет од Буфон кој се најде на вистинското место на голот.

Инсиње повторно дојде до шанса за погодок, и тоа доби употреблива топка во казнениот простор на нашата селекција, но неговиот удар со глава беше лесен плен за Димитриевски од оваа ситуација во 35. минута.

Македонија со поддршка од трибините на „Олимпико“ во Торино (ФОТО)

Само две минути подоцна Ѕапакоста упати нова закана кон нашиот гол, но фудбалерот на Челси беше неприсебен во неговиот обид кој заврши далеку над голот.

Италија продолжи со атак, а голот дојде по една одлична акција во која асистент беше Имобиле а реализатор Кјелини кој во 40. минута ја доведе својата репрезентација во почетно водство на мечот, а не му беше тешко да ја смести топката во мрежата од нашиот гол откако доби чиста шанса за такво нешто.


Немаше многу динамика на стартот од вториот дел, ниту на едната, ниту пак другата страна, па немаше голема убавина во играта во оваа фаза од второто полувреме.

Имобиле наседна на потегот на Димитриевски

Сепак, на изненадување на домашната публика, Македонија израмни, искористи простор што и беше укажан а воедно и откина два драгоцени бода на Италија во битката за првото место во групата со Шпанија, место кое води директно на Мундијалот во Русија идната година.

Џокерот од клупата на селекторот Игор Ангеловски, Александар Трајковски погоди за израмнување и поставување на конечниот исход од овој дуел, а фудбалерот на Палермо доби одлична асистенција од капитенот Пандев по што Буфон мораше да ја вади топката од мрежата на својот гол во 78. минута.


Ова беше втор гол во серија за нашиот офанзивец по израмнувачкиот гол против Албанија во Струмица, во мечот кој заврши нерешено со резултат 1-1, и на истиот беше вметнат при негатива на теренот а донесе реми.

Македонија: Димитриовски, Ристовски, Муслиу, Велкоски (Зајков 75’), Радески, Спировски, Барди, Алиоски, Пандев (Тричковски 80), Несторовски и Хасани (Трајковски 64’).

Мечот во Торино го судеше португалскиот арбитар Тијаго Мартинс.

Во следното, последно коло, Македонија во Струмица го пречекува аутсајдерот во групата, селекцијата на Лихтенштајн, во понеделник.


Резултати, 9 коло од нашата група: Шпанија – Албанија 3:0, Италија – Македонија 1:1, Лихтенштајн – Израел 0-1.

Табела, група „Г“: Шпанија 22, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8 и Лихтенштајн 0.


Фото-вест: sport.sky.it