24фудбал

Судиите не му дадоа на Јаховиќ да постигне уште еден гол, беше ли прекршок? (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ му донесе бод на Коњаспор против големиот Бешикташ, но тој не ја тресеше само еднаш мрежата на противникот.

Македонија

Јаховиќ можеше да го изедначи резултатот уште пред крајот на првото полувреме, но неговиот гол беше поништен поради фаул врз противничкиот играч.

На социјалните мрежи бурни беа реакциите кон судијата, многумина сметаат дека контактот е минимален и доколку противникот не беше голем како Бешикташ, во ниту еден случај тоа немаше да биде фаул.

Како Јаховиќ му донесе бод на својот тим, погледнете на овој ЛИНК.